Затворена дивата депонија во Никуштак – „Вреди“: Крај на срамот оставен од ДУИ
Дивата депонија во Никуштак, која со години го загадуваше воздухот и го загрозуваше здравјето на жителите на Липково и Арачиново, вчера беше конечно затворена, информираат од движењето „Вреди“.
Од таму истакнуваат дека одлуката станала возможна благодарение на директната иницијатива и влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го издигнале проблемот – занемарен од владејачката ДУИ – на ниво на државен приоритет.
„Затворањето на депонијата не е само крај на едно жариште на загадување, туку и крај на ерата на срам и неодговорност. ДУИ цели две децении ги остави Албанците да живеат меѓу отпад, додека тие се богатеа на нивна сметка. Денес затворивме дел од нивниот отпад, а на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и нивните политички кариери,“ велат од „Вреди“.
Тие додаваат дека Липково, Арачиново и другите албански општини повеќе нема да бидат, како што посочуваат, „гробишта од ѓубре на ДУИ – ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство“.
