ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТОРТУРА”

/

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска се закажани завршни зборови на обвинителството за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.



Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Претходна статија

ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС КОЈ БЕШЕ ПОЧУВСТВУВАН НА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

НОВИОТ БУГАРСКИ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНА ВО НАШАТА ПОЗИЦИЈА КОН РС МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести