ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗА НАС” ПРЕМИЕРНО ЌЕ ПРИКАЖЕ ЕМИСИЈА ЗА СЕСТРИНСТВОТО ВО ЗЕМЈАВА

Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас” денеска со кратка емисија ќе ги одбележат Светскиот ден на медицинската сестра и Меѓународната недела на сестринството.

– Годинава, поради мерките за заштита на јавното здравје, не сме во можност да го одбележиме настанот како и секоја година, но затоа во сопствена продукција реализиравме кратка емисија преку која сакаме да ја искажеме нашата почит кон сестринската професија, се вели во соопштението.

Покрај стримингот на нивната веб страна zanas.mk, eмисијата ќе се емитува и на официјалниот YouTube канал и на нивната официјална Фејсбук страна.



Од Здружението „За нас” упатуваат благодарност и до сите уметници, музичари и невладиниот сектор кои со свои креативни дела и видео честитки се вклучиле во одбележувањето на Неделата на сестринството. Дел од нив може да се погледнат на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=gVEYbHgQNHU&list=PLxTepDdDU4GQQmrHmWisQf7hyarE-IcfF&index=2.

Претходна статија

ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР НАЈАВИ ПРВ ИНТЕРНЕТ-ПРОЕКТ „ТОЈ И ТАА“

Следна статија

„НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ“ И „МАКЕДОКС“ ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД КРЕАТИВНА ЕВРОПА МЕДИА

Најново од Култура