| |

СЕ ЗАПАЛИ ПРЕОПТЕРЕТЕН РЕСПИРАТОР ВО РУСИЈА – ЗАГИНАА 5 ПАЦИЕНТИ ЗАБОЛЕНИ СО КОВИД-19

Пет пациенти заболени од коронавирус го изгубиле животот откако избил пожар поради преоптеретен респиратор на одделението на интензивна нега во руска болница, јавуваат денеска агенциите.

Руското министерство за вонредни состојби ја потврдила смртта на пациентите заболени со коронавирус на интензивната нега во болницата во Санк Петерсбург, но не навеле за колкав број се работи.

„Респираторите работат до крајна граница. Според првите информации, дошло до преоптеретеност и респираторот се запалил од каде прераснал пожар“, истакнал извор за агенцијата Интерфакс.

Поради овој инцидент од болницата се евакуирани 150 лица.

Русија бележи 221.344 заразени лица со новиот коронавирус SARS-CoV-2. Вчера потврдени беа рекордни 11.656 новозаболени.

Засега само Велика Британија и САД имаат повеќе случаи на зараза.

За потсетување, во саботата едно лице го изгуби животот откако изби пожар во московска болница каде се лечат пациентите заразени со коронавирус.



Слични Објави