|

Зеќири дојде, сведокот не дојде – следно во јуни ќе оди на суд

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 6 јуни, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната.

Бранителот, Александар Трајковски рече дека сведокот Горан Анастасиевиќ од здравствени причини е спречен да се јави на денешното рочиште, по што судот, поради неисполнети законски претпоставки за одржување на расправата, го одложи рочиштето.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра. Биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Слични Објави