|

СДСМ: ДПМНЕ го бараше Договорот за коридорите а сега бега

ВМРО-ДПМНЕ се губи во своите деструкции и манипулации против стратешкиот проект од национален интерес за изградба на делниците од коридорите 8 и 10Д, реагираат преку соопштение од партијата на власт.

„Го бараа Договорот за коридорите, а сега бегаат и никако да се изјаснат кој ден и на која собраниска комисија да се разгледува.

Шпекулираа дека мнозинството во собранието, предводено од СДСМ, бара начин како Договорот воопшто да не се разгледува, а кога треба самите да одлучат за негово разгледување, бараат повеќе време“, велат од СДСМ.

Наместо со лаги да ја замајува јавноста и да одолговлекува, Белата палата, додаваат од владејачката партија, поскоро да одлучи кога и во која комисија ќе се разгледува Договорот, за да престанат шпекулациите за најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денес.



Слични Објави