|

Зеленски: Испораката на ловците Ф-16 е сигнал дека Русија ќе изгуби

Испораките на борбени авиони Ф-16 за Украина ќе бидат сигнал дека Русија ќе биде губитник, а колку побрзо се спроведе таа одлука, толку подобро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе ја изгуби својата агресивна војна. Ќе биде послабо и изолирано – рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Според него, брзината на обуката и снабдувањето се најважни во заштитата на украинското небо.



Слични Објави