|

Зеленски: Кремљските службеници треба да знаат каде се бомбените засолништа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека службениците во Кремљ ќе мора да знаат каде се наоѓаат бомбените засолништа, откако повторно ја истакна можноста Украина да добие нови далекубојни оружја од САД, јавува БГНЕС.

Во интервју за Axios, Зеленски нагласи дека Киев нема да ги таргетира цивилите, бидејќи „ние не сме терористи“, но прецизираше дека центрите на моќта, вклучително и самиот Кремљ, може да бидат легитимни цели.

„Тие треба да знаат каде се бомбените засолништа“, порача украинскиот лидер. „Тие треба да знаат дека ние во Украина ќе одговориме. Ако не нападнат, ние ќе возвратиме.“

Зеленски објасни дека главните цели ќе бидат енергетската инфраструктура и фабриките за производство на оружје, додавајќи дека нов американски систем може да го натера рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса. Според него, американскиот претседател Доналд Трамп изразил поддршка за вакви удари, велејќи: „Ќе работиме на тоа.“

Оваа изјава доаѓа по изненадувачката промена на ставот на Трамп за војната, откако по средбата со Зеленски соопшти дека Киев може да ги врати сите територии окупирани од Русија.

Во реакција, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, познат по своите провокативни изјави, предупреди дека Русија може да употреби оружја „од кои ниедно засолниште нема да може да заштити“.

Слични Објави