|

Зеленски: Украина подготвува чекори за да го врати Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина подготвува чекори за брза реинтеграција на Крим во нејзиното национално ткиво.

„Во август ќе одржам неколку важни состаноци за подготовка на меѓународни настани, вклучително и Кримската платформа. Подготвуваме и список на чекори за деокупација на Крим. Сеопфатни чекори: безбедносни, економски и социјални. Можеме брзо да го реинтегрираме Крим во државното ткиво на Украина“, рече Зеленс во видео обраќањето, пренесува Укринформ.

Зеленски нагласи дека Крим, како и остатокот од Украина, ќе биде „ослободен од сето руско зло, почнувајќи од руските проектили и завршувајќи со секој руски окупатор“.

„Русија ќе ја загуби оваа војна и ниту еден проектил нема да ја спаси“, заклучи претседателот на Украина.

Слични Објави