Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили на Украина, вклучително и офицерски позиции, јави БТА повикувајќи се на агенцијата „Укринформ“. Документот влијае на некои воени гранки и беше изгласан од Врховната Рада претходно овој месец.
Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва. Откако ги наброја руските напади во изминатите неколку дена и нивните жртви, тој додаде:
„Секој ден од војната покажува дека Москва е решена да продолжи со својата агресија. Овие луѓе немаат други намери, па затоа се обидуваат да ја зајакнат својата одбранбена индустрија, а тоа го прават со заобиколување на санкциите. Тие се повеќе ја ангажираат Северна Кореја, а Украина ќе биде принудена всушност да војува против Северна Кореја. Ова се околности во кои недостатокот на порешителна акција од партнерите кои ја поддржуваат Украина го охрабрува Путин дополнително да инвестира во теророт, но потребни се конкретни акции“, рече тој.