|

Земјотрес од 5,2 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Мексико, а беше почувствуван и во главниот град Мексико Сити, објави Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на сојузната држава Гереро, на 96 километри од туристичкиот град Акапулко, пренесува Ројтерс.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шајнбаум, рече дека јачината на земјотресот не бара активирање на системот за сеизмичко предупредување.

Нема извештаи за материјална штета или повредени лица.



Слични Објави