| |

ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ГРЦИЈА ПОЧУВСТВУВАН НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА Р. МАКЕДОНИЈА

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 4.3.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Земјотресот се случи во 19 часот и 38 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML5.9.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, истиот е почувствуван на целата територија на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.



Слични Објави