ЗЕРИ: ОКОЛУ 100 ДРЖАВЈАНИ НА КОСОВО СЕ НАОЃААТ ВО СИРИЈА И ИРАК, 40 ОД НИВ СЕ ВО РЕДОВИТЕ НА ИСИС
Иако 110 лица од конфликтните зони во Сирија беа вратени во Косово пред неколку месеци, голем број граѓани на земјата остануваат на Блискиот исток, според онлајн изданието на приштинскиот весник „Зери“.
Околу 100 косовари во моментот се наоѓаат во зоните на конфликтот во Сирија и Ирак. Од нив, повеќе од 40 се во редовите на терористички групи како Исламска држава и Ал Нусра, откри косовската полиција.
Во април годинава 110 лица се вратија од Сирија во Косово, вклучувајќи 74 деца, 32 жени и четворица мажи осомничени дека биле дел од Исламската држава.