Зголемен бројот на туристи од балканските земји во бугарското зимско одморалиште Пампорово
Се зголемува бројот на туристите од балканските држави во Пампорово во февруари и март, соопшти Александра Цанкова од „Пампорово“ АД, пренесува БТА. По отворањето на граничниот премин Рудозем – Ксанти, се зголемил интересот од грчки туристи, изјави извршниот директор Стефан Присадов, додавајќи дека во март е регистриран раст од околу 10 проценти во споредба со истиот период лани.
Грчките туристи најчесто го посетуваат одморалиштето за викенд-патувања, а зголемениот број групи покажува дека новиот премин го олеснува пристапот. Се очекува интересот од Грција да продолжи и во летната сезона.
Зголемен е и бројот на посетители од Северна Македонија, Турција и Романија, при што се бележи раст од сите балкански пазари оваа зима.
„Резултатите од сезоната покажуваат дека има тенденција активниот период за зимски одмори да се поместува кон март и почетокот на април“, изјави Присадов.
Ски-сезоната ќе трае до 12 април, со добри снежни услови и најавени нови врнежи. Хотелите „Перелик“ и „Орловец“ ќе работат до 5 април, а летната сезона ќе започне на 18 јуни со научна конференција за климатот и неговите здравствени аспекти.
