ЖБОГАР: ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ПОПИСОТ Е ЗА ДА НЕМА ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ
Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека одложувањето на пописот поради одлуката за предвремени парламентарни избори е логично за да нема политичко влијание, но се надева дека тој ќе се одржи најдоцна до 2021 година, кога ваква статистичка операција ќе спроведат и други европски држави.
„Пописот мораше да се одложи поради одлуката на властите да се одржат предвремени избори. Одложувањето е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и треба тој да биде ослободен од политичко влијание. Разбравме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надеваме дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Очекуваме да видиме како ќе се одвива пописот веднаш штом сите услови ќе бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога и останатите европски држави ќе го организираат пописот“, истакна денеска Жбогар во обраќањето по повод одбележувањето на Европскиот ден на статистиката.

