| |

Жбогар се надева на „чиста“ препорака

„Сакаме да има решение за името до самитот на НАТО. Се надеваме дека двете страни тоа ќе го постигнат.Гледаме дека во овој момент двете страни се силно посветени да се реши овој проблем и да се овозможи напредок за граѓаните“, порача во емисијата 24 анализа евроамбасадорот Самоел Жбогар. Жбогар вели дека ЕУ силно ги охрабрува Македонија и Грција да најдат решение, но дека не планира да се вклучи подиректно во спорот. Тој додаде дека Европа може да помогне, ако е потребна помош, но подвлече дека спорот треба да остане во рамките на ОН. Евроамбасадорот вели дека се надева на „чиста“ препорака за почеток на преговорите за Македонија, но за датум одлучуваат земјите –членки. Не сакаше да одговори колку Македонија може да се надева на притисок од земјите членки кон Грција, за добивање датум , со реформи и пробив во спорот со името но без комплетно решение. Според Жбогар ЕК е задоволна од реформскиот пат, иако дел од работите се одвиваат бавно. Најмногу забелешки се забележани во врска со кадровските решенија. Жбогар повторно ја повика Опозицијата да се врати во Собранието и да придонесе во дебатата за законите.



Слични Објави