| |

Железнички станици и луѓе од северозападот на Бугарија во патувачката изложба на фотографката Еми Куртова

Во возот Софија – Видин во 7.30 часот на 16 декември ќе биде претставена фото-изложбата на Еми Куртова „По шините на северозападот“. Авторот студира на додипломската програма „Фотографија“ на Нов бугарски универзитет.
Изложбата е еден вид антрополошко истражување со средствата на фотографијата и има за цел да опфати мали станици и несервисирани постојки во регионите Видин, Враца и Монтана во Бугарија, јавува БНР.

Куртова решила да ги фотографира пред тие да се модернизираат.

Акцентот е на станиците, но има и луѓе што застанале пред објективот. Проектот вклучува 10 портрети и 10 станици.

Еми Куртова најпрво очекувала да се најде меѓу урнатините на напуштените станици, но „патувајќи и гледајќи го шармот на она што останало и што може да биде“, го сменила фокусот изложбата во позитивна насока.

„Изложбата покажува 7 убави, слатки мали станици на три кои веќе се речиси уништени“, вели авторката. Таа додава дека фотографирала за време на сончева светлина, кога сонцето е ниско и создава чувство на топлина.

Се размислува изложбата да биде прикажана и во возот Софија-Варна.



Слични Објави