Желjaзков: Нашата национална безбедност не може да трпи компромиси
„Нашата национална безбедност не може да трпи компромиси. Извршувајте ја вашата должност без колебање, затоа што довербата и координацијата се важна претпоставка за успехот и за градењето на меѓуинституционалната доверба“. Ова го изјави премиерот Росен Желјазков за време на официјалното одбележување на 146-годишнината од основањето на Националната служба за обезбедување (НСО) на Бугарија, јавува БГНЕС.
Премиерот изрази благодарност за достоинствената служба на раководството и на вработените во НСО.
„Стабилноста на службата е еманација на начинот на кој ја согледуваме стабилноста во државата, стабилноста во управувањето и рамнотежата меѓу институциите“, истакна Желјазков.
Националната служба за обезбедување е правоприемник на Софиската Прва коњаничка чета. Таа е формирана во 1879 година со указ на Кнез Александар I како првата специјализирана единица за обезбедување.
