Желјазков: Пред Бугарија има три развојни патеки, најважни се стабилизацијата на јавните финансии и нашиот европски пат
Пред Бугарија има три развојни патеки, изјави кандидат за премиер на ГЕРБ-СДС Росен Желјазков, откако го доби првиот мандат за составување влада од претседателот Радев, јавува БГНЕС.
Првиот пат е бавна нормализација на политичкиот живот. Вториот пат е политичка рецесија. Третиот пат е политичка регресија. Процесите околу Бугарија се развиваат толку динамично што не можеме да си го дозволиме вториот и третиот пат, рече кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС.
Според него, предложените министри во предлог-кабинетот се луѓе со политичка одговорност и искуство, експерти.
Не зборуваме за 4-годишен мандат, туку за конкретни политики. Најважно е стабилизирање на јавните финансии и непоколебливост од нашиот европски пат, нагласи Жељазков.
ГЕРБ-СДС предлага јасна законодавна програма со јасни рокови. Ќе ги претставиме нашите приоритети и во среда, доколку претседателот денеска го издаде указот, ќе влеземе во Народното собрание, изјави Желјазков пред новинарите.
Ако не постигнеме и не се залагаме за наше политичко обединување за приоритетите кои се важни за народот, ќе бидеме поделени. Мојата номинација ја прифаќам со високо чувство на одговорност и посветеност, изјави уште Желјазков.

