| |

Ноев: Политиката во интерес на Путин и носи голема штета на Бугарија

Политиката во интерес на Путин, не само што не е во корист на Бугарија, туку и носи голема штета. Претворањето на Бугарија во слаб субјект го зголемува апетитот на Кремљ за зајакнување на притисокот на Москва врз нас. Ова го изјави поранешниот министер за одбрана на Бугарија и експерт за национална безбедност Бојко Ноев во утринската програма на бугарската телевизија БТВ.

„БСП и сите што се против помошта на Бугарија за Украина, треба да објаснат, зошто интересот на Путин и Кремљ е поважен од интересот на Бугарија. Русија со години води непријателска политика во однос на Бугарија“, вели Ноев.

Во однос на стопирањето на испораката на гас од Гаспром за Бугарија, Ноев е дециден дека Бугарија треба да побара повисоки цени за транзитот на гас, што се врши преку нејзината територија.

Според Ноев најавената посета на бугарската делегација во Киев е само маркетиншки трик.

„Тоа е апсолутно непотребна посета. Една PR aкција, која покажува дека Владата и поспецијално премиерот, наместо да работи за решавање на суштинските проблеми, прави PR вежби“, вели Ноев.

Целиот разговор со Бојко Ноев погледнете го на следниот линк.

Слични Објави