ЖЕНА, МАЈКА, БОГИЊА!

//

Слободна душа, див темперамент
Дете на природата, боем… Како богиња од стариот свет, таа шета по улиците во сосема обични чевли, помеѓу обичните смртници. За неа овој свет нема граници и животот е секогаш авантура.
Ако сакаш да бидеш дел од нејзиниот живот овие работи треба да ги знаеш за жена со нескротливо срце..

Најголем грев ќе ти биде ако си предвидлив…
И силната жена зборува за секојдневните работи, оди на работа и работи сѐ она кое е неопходно за да преживее.
…Тоа е она што ја прави жива. Авантурата на животот, откривањето на нови хоризонти (однадвор и одвнатре) се работите кои навистина и привлекуваат внимание, а тие авантури можат да бидат големи или мали, секојдневни…
Доцна во ноќта може да одлучи дека не и се спие, да се облече во најубавиот фустан што го има и да оди на другиот крај на градот во некој клуб.
Да излезе од работа и да посети некој музеј, да ја види сликата изложена која ја потсетува на детството.
Да се враќа дома по сосема некој непознат пат, без страв дека ќе се изгуби.
Да заигра во супер маркет, ако си ја чуе омилената песна…
Единствено двапати нема да направи една иста работа на ист начин…

НЕ ЗАЗЕМА СЕКОГАШ НАЈПАМЕТНИ РЕШЕНИЈА
Да играш паметно значи да е пресметано, сигурно, внимателно…
Жената со нескротливо срце се гади од планирање. Љубопитна е. Неизвесноста е нејзиниот адреналин….
САМИ ОПСТОЈУВААТ!
Таа сама си ги плаќа сопствените сметки, купува храна ,оди сама на редовни прегледи, си ја пере облеката, си поправа работи по дома.
Покрај сите свои лудости и покрај тоа што не размислува за блиската иднина сепак живее.
НЕЗАВИСНА Е
Таа не сака ничија помош-па макар ваквата одлука да оди на нејзина штета. Подготвена е да оди по жежок жар, пред да признае дека има било каква слабост.
Таа е силна и горда на сопствената сила. Ако некогаш гледате солзи во нејзините очи, молчете…
НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СМИРИ КАКО ПРОСЕЧНА ЖЕНА
Не обидувај се да ја скротиш. Таа никогаш нема да биде само она што секој маж очекува од една жена: МАЈКА И ДОМАЌИНКА. Освен ова кое е природно и прекрасно секогаш ќе и треба простор слободно да трча, игра, сонува и размислува. Ќе сака да патува, да види и да почувствува апсолутно сѐ што ќе и овозможи животот. Доколку и застанеш на пат на нејзините соништа, засекогаш ке те отпише…



Автор: Фросина Китановска



Претходна статија

МОДА ИЛИ БЕЗУМИЕ?!

Следна статија

ДА ДЕВОЈКО, ДА ЖЕНО, ТИ СИ ЉУБОВТА!

Најново од Истакнато