Жена од Ресен се удави во Охридско Езеро, луѓе од плажата го забележале телото
Шеесет и седумгодишна жена од Ресен се удави во Охридско Езеро.
Несреќата се случила вчера во близина на плажа во Струга околу 15 часот. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за „Макфакс“ рече дека по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција, а засега нема информации за нејзината медицинска состојба.
Можно е да имала некаков здравствен проблем, но тоа треба го покаже обдудукција.
Случајот за удавената жена го пријавиле луѓе кои во моментот се наоѓале во близина на плажата.
Лекарите од Итната помош констатирале смрт без траги на насилство.