Жена од с.Мралино крадела пари, ја привеле во полиција

/

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода С.П.(27) од с.Мралино, општина Илинден. Таа се сомничи дека вчера, околу 15 часот од домот на И.П. на ул.„Перо Наков“ одзела пари. Кај неа биле пронајдени парите.

Таа била приведена во полициска станица и по извршените проверки било утврдено дека претходно околу 12.00 часот нејзиниот татко С.П.(53) во полициска станица пријавил дека ќерка му се оддалечила од домот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Претходна статија

Се очекува Владата да прогласи кризна состојба во енергетиката

Следна статија

Во КИЦ на Македонија во Софија отворена изложба на скулптури на Марјан Стојаноски

Најново од Вести