|

Жена раскажа на вести во Израел: „Го киднапираа татко ми, го видов на фотографија во Газа“

Жена изјави за вестите на Канал 12 дека нејзиниот татко бил киднапиран од јужната погранична заедница од страна на милитантната исламистичка група Хамас и одведен во Појасот Газа.

„Ми испрати порака дека се во куќа“, вели таа низ солзи, пренесе „Тајмс оф Израел“.

„Ми рече дека го одвеле“, раскажа жителката на Кибуц Беери и додаде дека видела фотографии од него во Газа.

Израелската армија потврди дека Хамас држат заложници во Газа. Станува збор за израелски цивили и војници, неофицијално околу 50 лица.

Израелските власти ги демантираа информациите дека меѓу заложниците е и израелски генерал, додека заменик лидерот на Хамас, Салех тврди дека се заробени високи офицери на израелската армија.



Слични Објави