(ВИДЕО)ПЕРЕВ: ДОАЃАЊЕТО НА БУГАРСКИТЕ ВОЈСКИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 1941 Г. Е ОСЛОБОДУВАЊЕ, А НЕ ОКУПАЦИЈА!
„Ние никогаш не треба да забораваме дека влегувањето на бугарските војски во Вардарска Македонија на 20 април 1941 година, е чин на ослободување на еден народ“, изјави македонскиот новинар Владимир Перев, во емисијата „Време е за Македонија“ на телевизија „Бугарија 24“.
„Кој како сака нека го толкува тој настан. Ние не треба да забораваме дека бугарската војска ја донесе слободата во Македонија во тоа време“, додава Перев.
Тој е дециден дека заради бугарската армија и бугарската политика во вардарскиот дел на Македонија се дадени најмалку жртви за време на Втората светска војна.
Добрата економска состојба на вардарскиот дел исто така била плод на политиката на царство Бугарија според Владимир Перев.
Што уште кажа господинот Перев погледнете во видеото што следи: