МИЦКОСКИ: РЕАЛНОСТА СО ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЈА ИГНОРИРАМЕ

Ветувате „интеграција на Македонија во Европската унија“, во кампањата ја користите промената на името во негативен контекст, наведнати кичми и така натаму. Како ќе ја внесете Македонија, а не Северна Македонија во ЕУ?

Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам. Истовремено сме кажале дека сме било против таа капитулација што ја донесе Зоран Заев потпишувајќи го Преспанскиот договор, но истовремено сме кажале дека ние реалноста нема да ја игнорираме, но истовремено сме кажале дека нема никогаш дозволиме оганот македонски да згасне се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за Македонците, за Mакедонија и се што е поврзано со придавката македонски.

Што уште кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа погледнете во видеото што следи: