(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА КУЌАТА МУЗЕЈ НА ГЕОРГИ ИЗМИРЛИЕВ-МАКЕДОНЧЕТО- ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА АПРИЛСКОТО ВОСТАНИЕ ОД 1876 Г.

//

Поплавата што во јули 1954 г. го погоди Горна Џумаја (денес Благоевград) ја уништува родната куќа на Георги Измирлиев-Македончето, учесник во Априлското востание од 1876 г. Куќата е возобновена 20 години подоцна и до денеска го чува преродбеничкиот и револуционерен дух на таа позната фамилија, се вели во материјал на БГНЕС.

Со низа активности во текот на неколку дена локалната власт во Благоевград одбележа 170 г. од раѓањето на Георги Измирлиев-Македончето, роден на 21 април 1851 г.

Куќата се наоѓа во квартот „Вароша“ и во неа се зачувани уникатниот изрезбарен таван и лични предмети на фамилијата Измирлиеви.

„Куќата е возобновена во 1976 г. според макета на учителот Филип Стојчев, во моментот се наоѓа во многу добра состојба и е отворена за посети“, вели д-р Елена Чалг’нова- кустос на Регионалниот историски музеј во Благоевград.

„Од самата куќа за жал се зачувани малку работи, но заслужува да се види резбарениот таван во дневната соба, којшто претставува стилизирано сонце. Зачуван е сребрениот сервис чаши на фамилијата, тефтерче со рецепти за готвење, пушка, ремен за куршуми, приборот за бричење на таткото на Георги, Димитар. Сите предмети можат да се видат во експозицијата на првиот спрат од куќата“, додава д-р Чалг’нова.

Георги Измирлиев-Македончето е еден од раководителите на Априлското востание во Бугарија. Измирлиев му бил помошник на Стефан Стамболов, апостол на I Трновски револуционерен округ.



Роден е во Горна Џумаја во семејство што потекнува од стар ајдутски род. Се школува во Цариград и Сер. Две години бил учител во Цариград.

По разгромот на Априлското востание Македончето е осуден на смрт и обесен на 28 мај 1876 г. во Горна Орјаховица.

Неговите последни зборови биле: „Сладко е да се умре за слободата на Отечеството“.

Претходна статија

БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ-НЕДОЧЕКАНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Следна статија

(ВИДЕО)ПЕРЕВ: ДОАЃАЊЕТО НА БУГАРСКИТЕ ВОЈСКИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 1941 Г. Е ОСЛОБОДУВАЊЕ, А НЕ ОКУПАЦИЈА!

Најново од Вести