Жената која се обиде да го убие Трамп е осудена на 22 години затвор
Жена од Канада е осудена на 22 години затвор во САД затоа што испратила коверти со писма со отровот рицинус на неколку адреси, вклучувајќи ја и онаа на Доналд Трамп кога тој беше претседател на САД. Смртоносниот плик адресиран до Трамп беше пресретнат во септември 2020 година пред да биде доставен во Белата куќа.
Паскале Фериер (56) се изјасни за виновна и пред судот изјави дека и е жал што нејзиниот план не успеал. Во долгото обраќање до судот таа рече и дека себеси се гледа како активист, а не како терорист.
„Сакам да најдам мирен начин да ги постигнам моите цели“, додаде Фериер.
ФБИ ги најде нејзините отпечатоци на писмо до Трамп во кое се бара да се откаже од претседателската трка.
„Ти најдов ново име: „Грдиот кловн тиранин“, напишала таа во писмото, според документите за обвинението на ФБИ.
Окружниот судија ја осудил на 262 месеци затвор, што е нешто помалку од 22 години. По отслужувањето на казната, таа ќе биде депортирана од САД, а доколку некогаш се врати, се соочува со доживотен затвор. Судијата рекол дека нејзините постапки биле „потенцијално смртоносни“ и „штетни за неа, штетни за општеството, штетни за потенцијалните жртви“.