ЖЕНСКИ ОСОБИНИ КОИ НАЈМНОГУ ГИ ПРИВЛЕКУВААТ МАЖИТЕ

Жените со овие четири карактерни особини ги привлекуваат најсилните мажи

Мажите се смета дека гледаат површно на врските. Затоа бараат тип на жени со кои ќе поминат брзи и незаборавни моменти, наместо да се занимаваат со долготрајни врски.

Овој пристап е обично само на почетокот или кога мажот не бара вистинска врска. Она што ги тера мажите да се заљубат во една жена, вистински и длабоко е карактерот, односно силните и независни жени. Иако се смета дека силните жени ги плашат мажите, тоа не е сосема така и не се однесува за сите претставници на посилниот пол.

Што го прави мажот заљубен?

Кои се четирите карактеристики кај жените што најмногу ги привлекуваат мажите?

Организација

Силни жени со атрактивен шарм обично се добро организирани. Тие добро ги знаат своите цели и можат да ги следат. Оваа карактеристика е привлечна за мажите, бидејќи таквите жени ретко паѓаат во нервни кризи и беспомошност поради заборавени обврски, доцнење или несправувањето со било какви задачи. Интелигентните мажи знаат дека силната жена може да соработува со нив за да ги доведе нивните животи на повисоко ниво.

Интелектуалност

Истражувањата покажуваат дека мажите и жените се привлекуваат во поглед на интелегенцијата, хуморот, однесувањето. Според тоа, средно-интелегентните и оние со повисок коефициент на интелегенција  бараат луѓе на нивно или дури и повисоко ментално ниво.

Комуникативност

Обично, успешните и силни жени имаат добри социјални вештини и контакти. Тие знаат како да привлечат внимание во позитивна смисла. Комуникациските вештини ги привекуваат мажите да се вљубат, бидејќи жените со слична дарба во повеќето случаи оставаат впечаток на спокојство и хармонија, а тоа е токму тоа што го бараат мажите.

Независност

Последно, но не и најмалку важно, е независноста. Таа има моќно привлечно влијание кое предизвикува мажите да ги следат  токму таквите дами. Жена која може да се грижи за себе финансиски, морално, физички и ментално е вистински магнет.



Слични Објави