| |

Жителите на градот Банско во Бугарија се поклонија пред духовниот подвиг на отец Паисиј Хилендарски

Во Банско бијат празнични ѕвона во чест на големиот бугарски преродбеник Паисиј Хилендарски. Поминаа 302 години од раѓањето на најславниот банскалија, 62 години од неговото канонизирање за светец, а неговата „История Славянобългарска“ наполни 262 години, јавува pirinsko.com.

Жителите на градот под Пирин денеска го прославија празникот пред величествениот споменик на Паисиј.

Десетици граѓани од рано утринава отидоа во Духовно-историскиот центар „Паисии Хилендарски“, каде во точна копија на неговата ќелија во Хилендарскиот манастир се чува примерок од „История Славянобългарска“.

Паисиј Хилендарски, честопати нарекуван и отец Паисиј, е бугарски национален хероj, свештеник и светец, автор на „История Славянобългарска“. Идеите за национална преродба и ослободувањето на бугарскиот народ изразени во неговото дело наведуваат многу научници да го посочат како прв претставник на бугарските преродбеници. За светец е прогласен со писмен акт на Светиот синод на Бугарската православна црква во 1962 година, а неговиот празник се одбележува на 19 јуни.

Слични Објави