ЖРТВИТЕ ВО „КАМИОНОТ НА СМРТТА“ ВО БРИТАНИЈА БИЛЕ ЗАРОБЕНИ ВО ЛАДИЛНИОТ НА – 25 УШТЕ ПРЕД ВЛЕЗОТ ВО БЕЛГИЈА

/

Вкупно 39-те жртви пронајдени во камионот-ладилник во Есекс веќе биле заробени во ладилникот на минус 25 степени уште пред да влезат во Белгија, соопштиле од полицијата, а пренесува „Градијан“.

Белгиската полиција соопштила дека осум жени и 31 маж биле заклучени во камионот најмалку десет часа откако каминот влегол во пристаништето. Сепак, белгиските власти додаваат оти имаат уште многу нерасчистени прашања и оти ја продолжуваат истрагата.

Продолжува и распитот на возачот на камионот кој е фатен на лице место, а наводно тврдел дека тој кога ги видел мртвите тела се изненадил и паднал во несвест.

Истрагата се проширила и во Ирска и во Кина. Ирската компанија, во чија сопственост е камионот, порача дека соработува со полицијата и инсистира на тоа дека нема никаква врска со возачот Робинсон. Во еден полициски извештај се тврди дека детективите се фокусираат на три члна на банда во близина на границата со Северна Ирска. „Дејли телеграф“ цитира извор што се фокусира на злосторничка организација базирана на југот на Армагх, која била поврзана со дисиденстски паравојски.



Медиумите вчера објавија дека загинатите 39 луѓе се најверојатно Кинези, но од кинеската амбасадаво Лондон соопштиле дека британската полиција се’ уште дефинитивно не го потврдила нивното државјанство.

Претходна статија

ШЕКЕРИНСКА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА И ИСЛАНД ГО РАТИФИКУВАЛ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Следна статија

МИТКО ЈАНЧЕВ НЕГИРА ОСНОВАЊЕ НОВА ПАРТИЈА СО ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да