|

МИТКО ЈАНЧЕВ НЕГИРА ОСНОВАЊЕ НОВА ПАРТИЈА СО ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Во овој момент не размислувам за нова политичка партија, вели за „Независен весник“ градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Неговото име честопати се споменува во контекст на формирање нова политичка партија, во која би имало место и за други (поранешни) членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои не се согласуваат со начинот на кој што се води партијата.

Тој не сака да го прогнозира исходот од претстојните избори и најавите од неговата партија дека ќе извојуваат убедлива победа и ќе се вратат на власт.

„Изборите се мерило и предизвик за секоја партија. Пред натпреварот, сите имаат шанса“, подвлекува Јанчев.

Слични Објави