Зимското сметање на времето почнува во недела на 31 октомври

/

Зимското сметање на времето годинава почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад. Со тоа, времето во 3 ќе се смета како 2 часот.

Промената на часовниците со години подлежи на дебата, поради тврдењата дека предизвикува низ здравствени и психолошки нарушувања кај човекот.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ не ја донесе конечната одлука.



Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Исклучок се Русија, Белорусија и Исланд.

Претходна статија

Објавен првиот прирачник за предавање на контроверзни теми во училница

Следна статија

Бектеши: Нема енергетска криза, нема да има поскапување на струјата до крајот на годината

Најново од Вести