ЗНАЕ ЛИ ВЛАДИМИР МИЛЧИН ДЕКА НЕГОВИОТ ПРЕДОК ВЛАДИМИР Х. МИЛЧИНОВ БИЛ БУГАРИН И ВРХОВИСТ?

Владимир Милчин реагираше на интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за грчката ТВ Алфа, со статус на facebook, во кој го обвинува дека „скудно ја познава историјата и го навредува македонскиот народ“.

Заев во интервјуто за грчката телевизија Алфа вели дека со таканаречната антиквизација сме краделе историја, а со словенизацијата сега сме се враќале на вистинските корени.

Бидејќи Владимир Милчин тврди дека ја познава историјата, во прилог еве го свидетелството за женидба од неговиот предок, бугарскиот револуционер, деец на ВМОК и актер, Владимир Христов Милчинов од Прилеп со бугарската актерка Милка Стојанова Младенова (Цвета од Македонска крвава свадба) од Софија.

Документот можете да го видите во архивата на Библиотека Струмски.

Владимир Х. Милчинов е роден во 1879 во град Прилеп. Син е на револуционерот Христо Милчинов, а самиот Владимир е активен чинител во Врховниот Македоно-Одрински Комитет. Милчинов ја толкува улогата на Осман бегот во пиесата на Војдан Чернодрински „Македонска крвава свадба“. Учествува во Горноџумајското востание од 1902 г. како комита во четата на генерал Иван Цончев. Како припадник на ВМОК оперира во Албанија. Лежи неколку години во битолските зандани. Негови потомци и роднини се режисерите Илија Милчин и Владимир Милчин.