| |

Зорница Гоган: АБУЧ е заедница обединета од една кауза – секое дете да ги зачува бугарскиот јазик и култура

Претседателката на Управниот одбор на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), Зорница Гоган, ja прогласи за отворена Годишната конференција на Асоцијацијата, која се одржува од 21 до 23 јули во Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, јавува БТА.

Таа им посака добредојде на присутните. Според неа, АБУЧ овозможува споделување искуства, разгледување на предизвиците и барање одржливи решенија за бугарските училишта во странство.

Гоган ја определи Асоцијацијата како заедница што продолжува да се развива, заедница распространета во различни држави и континенти, но обединета од една кауза – секое дете да ги зачува бугарскиот јазик и култура.

На оваа конференција се среќаваат луѓе кои секојдневно работат за оваа кауза, истакна Гоган.

Таа им се заблагодари на сите што помогнале во организацијата на денешниот форум: „Убедена сум дека во следните денови нè очекуваат значајни средби и плодни дискусии“.

„Да ја искористиме оваа конференција не само за размена на професионално искуство, туку и за зајакнување на заедницата што сите заедно ја градиме“, рече претседателката на Управниот одбор на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство.

Слични Објави