| |

Зошто е потребен Војнички споменик во центарот на Софија?

Пишува: Јаница Б’рнева/БГНЕС

Нека имаме Војнички споменик, за нашите предци кои ги дадоа своите животи за нашата слобода.

Војнички споменик – ќе речете дека тоа е застарено. Но, дозволете ми да споделам со вас зошто и кому му треба. Сите ние како Бугари, или секако мнозинството од нас, имаме предци кои загинале за нашата татковина, кои зад себе оставиле семејства, деца, жени за да ја обезбедат нашата иднина, нашата слобода.

Да не го заборавиме ова, тоа е важен дел од нас – најважен. Ова го дефинира нашиот идентитет, нѐ дефинира како Бугари. Благодарение на нашите предци и на тешките жртви дадени во Балканската, Меѓусојузничката војна и другите војни за ослободување и обединување на нашата татковина, благодарение на нив, ние сме тука, ние сме живи, имаме земја која ги преживеала сите војни. ние постоиме и се гордееме со тоа што се нарекуваме Бугари.

Прадедо ми се вика Милан Велинов Пејчев, се борел во Балканската војна во 14-от македонски пешадиски полк, 14-та дополнителна дружина. По мобилизацијата во септември 1912 година заедно со неговиот полк – 4 чети и 4 дружини, сите рамо до рамо, браќа по оружје се бореле за нашата слобода и за нашето мирно опстојување во село Ваксево, село Ѕвегор, Македонија, Џумаја, Царево село. За само два месеца – септември и октомври 1912 година, тие воделе борби на височините на Повиен, Бања Чука, планината Кочани, Требатовиште, Пехчево, Кресна, Демир Хисар, Лахна, височините кај Ајватово и на 31 октомври 1912 година го ослободиле Солун. Во април 1913 година офанзивата продолжила и се воделе борби во градовите Кукуш, Кострино, Виница, Видовиште, Соколарци, Спанчево, Дулица, Тодоровци, Драмча, Каменица, Истовник, Лешка, Истевник, Долен Драгодан. На 21 јуни 1913 година, мојот прадедо бил убиен во битка кај селото Лахна, Кукушка област. За време на војната со „сојузниците“ таму биле закопани 438 загинати Бугари, а мојот прадедо Милан Велинов е запишан под број 235, најверојатно во масовна гробница.

Има уште илјадници Бугари чии предци се појавуваат под некој број и биле фрлени во масовни гробници, мојот апел како Бугарка е Војничкиот споменик да се обнови, да не ги заборавиме нашите прадедовци, нашите мили предци, тие не се само бројки, тие ни ја дадоа иднината, тие се причината зошто денес се викаме Бугарија.

Фото: БГНЕС

СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА ИЗНЕСЕНИ ВО РУБРИКАТА „ПОЗИЦИЈА“, НЕ СЕКОГАШ СЕ ИЗРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ПОРТАЛОТ „ТРИБУНА“



Слични Објави