ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ГИ БАКНУВАМЕ ДЕЦАТА НА УСТА?
Детскиот психолог Шарлот Режник, тврди дека децата треба да се чувствуваат сакани и безбедни во семејна средина. Но, бакнувањето на уста не е најдобрата идеја за изразување родителска љубов. Зошто?
На прво место, тоа може да го смени разбирањето на детето за личните граници. Усните се интимно место во секое човечко тело, објаснува психологот. Кога бакнувате дете на усните, покажувате дека оваа граница е отворена и секој може да влезе на нивната територија без никакви проблеми. Истиот „ефект“ може да се добие преку присилното јадење и агресивното скокоткање. На овој начин, родителите можат да го зголемат ризикот детето да развие „синдром на жртва“ со неможност да каже „не“ и да управува со своите лични граници.
Второ, тоа е нехигиенско. Лекарите, а особено стоматолозите, предупредуваат дека има огромен број микроби во устата против кои возрасните имаат имунитет, но тоа не значи дека не можат да им наштетат на децата, особено ако имаат послаб имунолошки систем.
