ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Култура

Во Центарот за култура во Крива Паланка вечер свечено ќе биде отворено 10-тото јубилејно издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“…

Првата фестивалска вечер е посветена на годинашниот лауреат, истакнатиот македонски актер Благоја Чоревски. Годинава во 10-те фестивалски денови ќе бидат изведени осум претстави на театри од Македонија, Србија, Хрватска и од Бугарија. Во придружната програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот, а ќе бидат отворени и неколку изложби на фотографии.