10-ТЕ НАЈМОЌНИ ГАНГСТЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА КИНОТО

Не е лесно да го одглумиш главниот лик во филм за мафијаши. Еве кои ликови од гангстерски филмови оставиле најголеми траги во историјата на Холивуд.

10. Роман Марони од филмот „Johnny Dangerously“- филмот е пародија на мафијашките филмови од 30-тите години на минатиот век. Марони е забавен лик, кој и покрај тоа што е мафијашки бос, не смее да биде вулгарен.

9. Френк Лукас од филмот „American Gangster“- Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век Френк Лукас раководи со шверцот на хероин. Филмот е драмско дело што го опишува неговиот живот, а Дензел Вашингтон ја има одглумено една од своите најдобри филмски улоги.

8. Бил Катинг од „Gangs of New York“- Ликот што го толкува маестралниот Даниел Деј Луис ќе остане запаметен со култната изрека: „Го гледаш ли овој нож? Ќе те научам да зборуваш англиски со е**ниов нож!!!“

7. Френк Костело од „The Departed“. Френк Костело е познат и како претседателот на владата на подземниот свет. Џек Николсон го глуми ликот на мафијашот од Њујорк со кого е подобро никогаш да не фаќаш работа.

6. Ал Капоне од „The Untouchables“. Листа со ликови од мафијашки филмови едноставно не може да помине без Кралот на вискито за време на прохибицијата- големиот Алфонс.

5. Том Пауерс од „Public enemy“- тоа е гангстерот џентлмен готов на се за да го зачува своето семејство. Култна улога на Џејмс Кагни во филмската лента од 1931 г.

4. Томи де  Вито од „Goodfellas“- Џо Пеши доби Оскар за толкувањето на овој филмски лик. 

3. Мајкл Корлено од „The Godfather“- Една од најкултните улоги на тогаш младиот Ал Пачино. Наследникот на Вито Корлеоне ќе остане запаметен како еден од најблескавите ликови во мафијашките филмови.

2. Вито Корлеоне од „The Godfather“- Таткото на Мајкл, стариот бос на фамилијата Корлеоне и фантастичната глума на Марлон Брандо.

1. Тони Монтана во „Scarface“- овде повторно го гледаме култниот актер Ал Пачино. Филмот треба да биде дел од секоја колекција со дела што мора да се видат барем еднаш во животот.