12 ПРИПАДНИЦИ НА АРМ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ЗАРАДИ КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ

/

12 припадници на македонската Армија, кои биле логистика на МВР во Охрид од вчера се во самоизолација, јавува Канал 5.

Тие престојувале во полициско одмаралиште заедно со седумте специјалци од Единицата за брзо распоредување, кои се покажаа позитивни на коронавирусот.

Од Генералштабот на Армијата потврдија дека станува збор за војници кои, поради прогласената вонредна состојба, биле испратени на испомош на полицијата. Припадниците на Армијата кои засега не пројавиле симпоми, ќе бидат тестирани, откако вчера биле завршени епидемиолошките анкети.





Претходна статија

ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА „НАЈДОБАР ПОЖАРНИКАР“ ВО ДЕЛЧЕВО, ЌЕ ЈА ДОНИРА ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

АКТИВИСТКАТА БРАНКИЦА ДИМИТРОВСКА ВЛЕГУВА ВО ПОЛИТИКАТА ПРЕКУ НЕЗАВИСНА ЛИСТА „НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС“

Најново од Вести