ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА, А БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/литар, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,550 ден./кг. „Поради растот на цените на нафтените деривати на светските берзи, изминатата недела донесовме одлука за зголемување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 0,34 %. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со што се исполнија условите да се намали акцизата за 1,00 денар за литар за „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло во согласност со уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба поради што во крајната цена кај овие нафтени деривати има намалување“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Од 22.12.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар) Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,50 (денара/литар) Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 53,00 (денари/литар) Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 53,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС – 28,837 (денари/килограм)

loading...


loading...