18 починати од ковид-19, од кои тројца во септември, потврдени 111 новозаразени од 1.529 тестирања

/

Петнаесет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, а потврдени се уште 111 нови случаи на зараза од направените 1.529 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Петмина од починатите се од Скопје (56, 69, 72, 75 и 91 година), по двајца од Кавадарци (64 и 84) и Кичево (54 и 87) и еден од Велес (72), Берово (56), Гевгелија (64), Кочани (76), Крива Паланка (61) и Струмица (81), сите во болнички услови.

Согласно Регистерот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште три починати лица од периодот меѓу 9 и 11 септември, две од Дебар и едно од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Сите се починати во болнички услови.

Најмногу од новорегистрираните случаи на коронавирус се во Скопје – 83, па следуваат Прилеп 6, Велес 5, Кавадарци 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка по 2 и Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија по 1.



Оздравени се 165 пациенти: Скопје и Куманово по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово по 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево по 1.

Досега се направени вкупно 1.324.894 тестирања за ковид-19. Од почетокот на епидемијата има 195.002 заразени, оздравеле 181.196, а починале 6.849. Бројот на активни случаи сега изнесува 6.957.

Претходна статија

Уапсена албанска државјанка поради обид за убиство во Делчевско

Следна статија

Мицкоски: Охрид мора да излезе од сивилото на власта

Најново од Вести