19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АНГЕЛА ЃОРЃИЕВСКА- РЕАГИРАШЕ МАЈКАТА НА УБИЕНИОТ ПИНО СЕКОНДО
Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета Секондо Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна дека помогнала во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година во атарот на селото Љуботен.
ОЈО Скопје, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднесе обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини Ангела дека како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
„Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо“, соопштија од ОЈО Скопје.
Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, реагираше на социјалната мрежа Facebook. Таа смета дека пресудената затвроска казна од 19 години за соизвршителката Ангела Ѓорѓиевска е премала.
19 години!!! Живот земен на младо момче вреди само 19 години??? Доживотен затвор тражам!!!, напиша Трпковска.