|

БОРЕЛ: ОДНОСИТЕ МЕЃУ ЕУ И ТУРЦИЈА НЕ СЕ ДОБРИ

„Односите со Турција не се добри во моментот и ќе бидат на врвот на агендата на ова заседание“, најави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

Тој го изјави ова веднаш по пристигнувањето во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Агенцијата АНА известува дека Борел најавил „интересна дискусија“ за начините за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека денешната седница ќе биде прва по долго време во кое учесниците ќе бидат физички присутни.

Слични Објави