ИНЦИДЕНТ ВО СРБИЈА: 8 ДЕЦА ПОВРЕДЕНИ ПО ДЕФЕКТ НА ВРТЕЛЕШКА
Синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор, јавуваат локалните медиуми. Во текот на вртењето пукнал столб од вртелешка на која имало деца. Притоа осум деца се повредени, а според информациите на „Блиц“, три се во потешка состојба.
Сите настрадани биле пренесени во болницата во Сомбор и не се во животна опасност.
Повеќе информации за случајот ќе бидат познати во текот на денот.


