РСБСП: Во земјава лани 116 лица го загубиле животот во сообраќајки

/

Во Република Северна Македонија минатата година 116 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Жртвите и повредите на патиштата се ненадејни и трауматски настани чие влијание е долготрајно. Затоа, да ја поттикнеме свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, а со тоа и за намалување на сообраќајните незгоди, со што ќе се намали и бројот на загинати и повредени лица. Стоп за смртта на патиштата.

Ова е пораката и апелот од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Овој ден се одбележува секоја година, третата недела од ноември и е посветен на милионите загинати или повредени во сообраќајни несреќи на светските патишта и на членовите на нивните семејства, како и на сите оние кои се соочуваат со физички или психички последици од сообраќајни незгоди.

Годишно, во светот, околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Покрај ова, последиците од ваквите незгоди дополнително директно влијаат врз животите на уште најмалку четворица од околината на секоја жртва во сообраќајна незгода. Оттаму, овој ден има за цел да ја потсети јавноста на лицата кои настрадале во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди, наведува РСБСП.



Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува од 1993 година, а во 2005-та ООН го прогласи за Светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември.

Претходна статија

Изминатото деноноќие произведени 6 519 мегават часови електрична енергија

Следна статија

Е-КОНЗУЛАТ – нов, полесен пристап до конзуларните услуги во странство

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,