| |

МОН ќе прави анализа дали е потребно и колку ученици од повредените во „Пулс“ би учеле од дома во новата учебна година

Министерството за образование и наука ќе направи анализа дали е потребно и колку ученици би учеле во домашни услови од повредените во пожарот во Кочани од почетокот на учебната година.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, која денеска го најави воведувањето формално основно образование за деца со канцер кои се на долготрајно лекување во болнички услови, рече дека од септември ќе се потрудат ваков вид настава да има и за ученици кои се рехабилитираат по повредите во пожарот во „Пулс“.

„Ќе направиме анализа, доколку има потреба дефинитивно ќе бидат вклучени, иако не сум сигурна дека се многу. Оние што завршуваа четврта година, дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две деца се оставени сега да полагаат матура“, изјави министерката Јаневска.

Слични Објави