ВО ШТИП ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЛЕСНОВСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА
Над 20 уметнички дела со мотиви од убавините на Лесново и Лесновскиот манастир се изложени во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип …
Марија Трајчева, директор на Домот на културата во Пробиштип, која вчера присуствуваше на отворањето на изложбата, истакна дека оваа поставка е дел од 26-та по ред Лесновска ликовна колонија, на која учествуваа 18 ликовни уметници, меѓу кои и сликари од Бугарија и Русија.
Таа најави дека во тек се интензивните подготовки за Лесновската ликовна колонија 2018, која ќе се одржи од 5. јуни до 1. јули. Во живописното село Лесново ќе творат уметници од Македонија, Русија, Англија, Бугарија и од Србија.