ВО ДЕБАР СЕ ОДРЖА ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКА ПЕСНА „РАДИКА ФЕСТ“
Во Центарот за култура во Дебар синоќа се одржа деветото издание на фестивалот на детската песна ,,Радика фест 2018“…
На фестивалот кој предизвика голем интерес кај младата популација, беа изведени 17 песни на автори и деца интерпретатори од Дебар, Охрид и Струга, а беа доделени и награди за најдобрите.
Првото место од жири комисијата го освои Ибраим Исаку, од публиката Бајрам Беруловски, додека за најдобар сценски настап првата награда му припадна на Климент Каралиевски.
Фестивалот се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура во Дебар.