Во бугарското училиште „Азбука“ во Даблин се собираат подароци за деца во нерамноправна положба во Бугарија
Во бугарското училиште „Азбука“ во Даблин, Ирска, се спроведува кампања за подготовка на кутии со подароци наменети за деца во нерамноправна положба во Бугарија, јавува БТА.
Од училиштето упатуваат благодарност до сите кои се вклучиле во акцијата. „Благодариме за собраните средства, со кои беа купени облека, слатки и други подароци што ги ставивме во кутиите“, соопшти образовната институција на својата страница на Фејсбук, додавајќи дека кампањата продолжува.
Бугарското училиште „Азбука“ во Даблин е регистрирано и финансирано од Министерството за образование и наука на Бугарија. Учениците таму изучуваат бугарски јазик, литература, историја и географија според програмите на МОН.

